Љубов кон уметноста втемелена од најраното детство. Уметник, музички педагог, универзитет-
ски професор на Универзитетот „Рузвелт” во Чикаго, разговор со Јана Павловска Молтз.
Треба да бидете толку подготвени за вашата аудиција, што ќе нема простор за ништо помалку од вашето најдобро.
1. Родена сте во Скопје. По завршувањето на вашето образование во земјата, се запишува-те на матер клас за пијано во Univerzitetot Ruzvelt – Chikago, во САД . Од каде желбата за изучување на музичката уметност и зошто САД беше вашиот избор за изградба на ваше-то високо образование?
Љубовта кон музиката и уметноста се втеме-лија во мене многу природно. По потекло по-текнувам од уметничко семејство неминовно беше, мојата животна определба да биде музи-ката. Од моите најрани почетоци бев постоја-но во допир со културата: концерти, излож-би, театри. Мојот татко е академски ликовен уметник, моите две сестри- доктори по науки по уметност како и мојата мајка, која и ако е економист е голем љубител на уметноста. Дружењето со пијаното од најмали нозе на еден многу природен, спонтан и ненаметлив начин прерасна во моја пасија и професија. За мене уметноста не е професија, туку единстве-ниот начин на кој би можела да битисувам. Тоа е еден искрен опис на мојата поврзаност со музиката и уметноста во целина.
САД се случи толку ненадејно што понекогаш кога размислувам и се навраќам по толку го-дини се уште ми е чудно за тој потег и мојата преселба. Во 2008 година имав можност да го посетам Чикаго, но како турист. Од моментот кога стапнав во градот ме обзема една чудес-на енергија и убавините на градот длабоко ме воодушевија. Културата која зрачи од градот „ме покани” да се вљубам во него. Се сеќавам го посетив Универзитетот „Рузвелт” и негова-та архитектура длабоко ме пленеше. Чикашка-та филхармонија (еден од најдобрите оркес-три во светот) е на толку блиска далечина до него, а воедно е дом на најголемите имиња во музичкиот свет и денеска. Едноставно, сите тие импресии предизвикуваат силна возбуда во мене, така што почнав силно да размислу-вам за продолжување на моите студии таму.
2. Во моментов работите на Универзитетот „Рузвелт” во Чикаго како му-зички педагог, како човек кој го пренесува своето знаење на помладата генерација, на кои професионални вештини и знаења ги учите вашите слу-шатели?
Педагогијата ми претставува огромна љубов и големо задоволство. Голе-ма чест ми преставува да можам да го пренесам своето знаење на истиот факултет каде што јас самата бев студент. Преку часовите со моите сту-денти, јас исто така можам многу да научам и се надоградувам како педа-гог, а тоа е една взаемна размена. Секој професионален растеж кај нив ме прави среќна и длабоко исполнета.
За мене како педагог многу е важно да умеам да го пренесам најдоброто од моите учители. Дисциплината во работата, естетиката во музиката, пре-познавањето на значењето на секоја нота напишана од композиторот во делото, затоа што ништо не е случајно таму. Јас имав можност да учам од фантастични педагози за време на моето образование, а верувајте тоа е голема среќа во оваа професија која е втемелена врз индивидуална наста-ва. Највеќе од се се трудам, не да им покажам на моите студенти како да музицираат, туку да успеат да го пронајдат својот сопствен музички глас и професионален правец на развивање.
3. Продолжувате со докторски студии по уметност на Универзитетот во Илиноис, под раководство на професорот Вилијам Хејлс, со кои предизви-ци се соочивте во вашето образование?
Токму така. Во моментов сум докторски кандидат на Универзитетот Или-ноис (University of Illinois). Како што велите, јас сум пресреќна да работам со проф. д-р Heiles, после работата со моите незаменливи предходни про-фесори проф д-р Choi и проф др. Lazar. Ми претставува чест и задовол-ство што учам на овој универзитет, кој е еден од десетте универзитети кои тука се познати под името „ големите десет”. Колку што има убавина во музиката и во оваа професија, верувајте има и толку предизвици. Нивото на артизам и перформанс на музичките академии во САД е толку високо, што неминовно бара да го вложите најдоброто од себе. Се помалку од тоа е едноставно неприфатливо. На докторските студии на пример ќе примат можеби околу 3 студенти од приближно или повеќе од 100 апликанти. Тре-ба да бидете толку подготвени за вашата аудиција, што ќе нема простор за ништо помалку од вашето најдобро претставување. Од друга страна пак, се натпреварувате со студенти пијанисти од сите страни на светот, каде што професионалноста е на високо ниво, па така предизвикот е голем, за да се изразите целосно на сцената, за време на вашите аудиции.
4. Имате голем број на успешни настапи на национално ниво, како и на меѓународно ниво во Бугарија, Италија, Франција, Велика Британија, САД, Германија, претстави во седиштето на Чикаго, вклучувајќи ги и салите во salata Ganc, salata na Chikaskata Filharmonija, Театарот Шопен, што е по-
требно за да се биде успешен пијанист?
Многу ви благодарам за убавите зборови! Си мислам, јас за себе така неразмислувам ( се смее). Ми се чини дека најважно од се е тоа што не тежнеам кон успехот како таков, едноставно пристапот со толку љубов и посветеност кон музиката, кон она шо го правам, е она што ме води по мојот пат и ми ги отвора вратите кон концертната сцена. Неминовно е, да бидам јасна, професионалната пожртвуваност и посветеност, а и голема дисциплина во работата, неуморно вежбање и преслушување на секој тон, часови и часови по ред. Но ми се чини, нема поголема награда од своја из-ведба за која си задоволен и истата ве исполнува. Физичката исцрпеност после часови вежбање ве наградва со исполнет дух и сатисфакција од сработеното.
5. Се сеќавате ли на вашите први учители по пијано. Кои беа нивните совети и насоки за постигнување на успех?
Ах секако! Во оваа професија индивидуалната наста-ва е од најголемо значење и се поврзувате силно со вашиот професор. Јас своето средно образование го започнав во музичкото училиште „Илија Николовски Луј”, каде што изучував нижо образование под рако-водство на професор Рита Трпчева- Поповиќ и сред-но образование во класата на професор Катерина Кетковиќ- Фидановска. Дипломски и постдипломски студии студирав на Музичката академија под рако-водство на професор Тодор Светиев. Моите професо-ри имаат големо значење во мојот живот. Без нив, сметам дека немаше да успеам да го постигнам сето тоа. Засекогаш ќе им бидам благодарна за се што ме научиле. На макотрпна работа, дисциплина, неумор-ност, љубов кон работата и часови неуморна работа со мене. Благодарна сум им што ми ја дале основата, врз која можам да се надградувам тука во САД.
6. Што за вас значи музиката и уметноста?
Уметноста и музиката се длабоко втемелени во мене, тие се дел од моето битие, дел од моето ДНК. Пред некој ден наидов на мислата од Ф.Ниче која велеше: „Уметноста постои за да не излудиме од суровата ре-алност”. Ме натера долго да размислувам, колку оваа мисла е моќна. Во уметноста има многу мечтаења и идеализам, но исто така, има и многу реалност, рабо-та, па дури тогаш инспирацијата „долетува “, да ги „доодлетува”, деталите и финесите. Или мотивирачка мисла изречена од П.Пикасо, која често си ја повто-рувам која вели: „Кога инспирацијата ќе ми дојде, ќе треба да ме најде како работам”.
7. Во вашата биографија ќе се запишам голем број на награди за пијано изведба, победник на CCPA Piano Showcase tour and a Gilmore Festival 2011, Rudolph Ganz Award. Тоа се само дел од наградите. Што за вас значат наградите?
Наградите се добредојдени, тие се една убава и моти-вирачка сила, а и сатисфакција за сработеното и оства-реното. Уште повеќе, тие се мотивација за вложување на уште поголема енергија и работа кон постигнување на идни понатамошни цели. Тие се многу инспира-тивни, а најмногу кога не се очекува, еден доказ дека постои некој кој го вреднува она што го правите. Да бидам јасна, во оваа професија, никогаш нема да би-дете свои и препознатливи до колку во својата работа и концертирањето се трудите да бидете допадливи не-кому ( на публиката), но кога наградата е врачена кон препознавањето на личниот израз, тогаш е вистиски двигателна сила.
8. Покрај секојдневните на-порни тренинзи и професио-налниот ангажман, како го исполнувате вашето слобод-но време?
За да бидете успешен изве-дувач, неминовно е да сте „будни” на многу нивоа: до-бра книга, театарска прет-става или концерт, постојано навраќање кон историјата на уметноста, но и секојдне-вието на животот, прошетки во природата, вечера во се-мејството, средба со прија-телите или излез во клуб. Се што ме опкружува има мал удел кон целината на соп-ствената инспирација. Ужи-вам во природата. Ми се чини во Чикаго се заљубив во ог-ромната водена површина која целосно ја заобиколува
источната страна на градот. Секој пат кога времето ми дозволува ќе прошетам покрај езерото, инспирирана од пространоста, големината и чистината која ја нуди.
9. Што ве прави среќна? Од каде ја црпите вашата позитивна енергија?
Можеби звучи и како клише, но навистина се трудам да пронајдам среќа во малите работи. Позитивниот став кон нештата и оптимистичкиот дух ми се водечки двигател во животот. Многу е лесно тие да се урнат или изгубат со урнебесно-брзо темпо на нашата денешница, кое го живееме, но се трудам да ги темелам сопствените вред-ности врз нив. Многу ме усреќува добрината и љубезноста и кога е восприемена и кога е упатена. Ме прави среќна семејството и семејните вредности, како и мајчинството кое е носител на најсилната позитивна енергија која го исполнува секој молекул на моето битие.
10. Која порака ќе испратите до сите читатели на ова интервју?
Голем поздрав до сите ваши читатели! Следете ги вашите идеи и многу вредно работете кон остварување на саканите цели. Се е возможно кога искрено ќе се посака. По зборовите на големиот П. Куељо:„ Кога нешто силно ќе посакате целиот универзум ќе се отвори за да ви помогне да го остварите”. А на вам ви благодарам за убавиот разговор и честа да бидам ваш гостин.