Со освоеното прво место на натпреварот за ритмичка гимнастика на OWL купот, ја отвора можноста за да ја оствари својата желба за учество во Бундес лигата, каде што со своите 11-ет години ќе има мож-ност да се натпреварува во сениорската категорија, каде учествуваат гимнасти-чарки до 20 години. Сестрите Илина (11 години) и Ева (9 години) во СР Германија се најпознатите македонски спортисти во ритмичка гимнастика.
Разговор со Илина Соколовска.
1. Со своите 13 години го освоивте третото место во натпреварите по ритмичка гимнастика во Германија, а вашата сестра со своите 9 години го освои првото место во натпреварите. Стручните лица за овој спорт коментираат дека сте едни од најдобрите спортисти, што за вас значи ритмичката гимнастика?
Ритмичката гимнастика ме исполнува. Секојдневно тренирам со многу забава и радост. Натпреварите за мене се најглавното, каде што можам да ги покажам моите вештини.
2. Од каде желбата за спортување и усовршување на ритмичката гимнастика?
Овој спорт е разновиден. Составен е од: балет, акро-батика, гимнастика и танцот. Затоа ми се допаѓа. Од својата шест годишна возраст го засакав, најпрвин по-ради убавите фустанчиња.
3. За да ги постигнете овие резултати , колку е потреб-но да се вложи труд и вежбање во ритмиката гимнас-тика?
Секојдневниот тренинг е од 3 до 4 часа па и повеќе. Најважното од се е да се биде во форма и да се усовр-шат вештините кои ги бара самиот спорт и нормално, најважното од се е да не се дојде но несакани повре-ди.
4. Минатата година имавте интернационален настап во Украина, каде го освоивте првото место и бевте прогласена за принцеза на ритмичката гимнастика, што за вас значат натписите и коментарите во јавнос-та?
Јас се гордеам и се радувам на поддршката што ја добивам од реалните натписи и коментари во меди-умите.
5.Го освоивте првото место на натпреварот по рит-мичка гимнастика наречен ОWL, кој се одржа во гер-манскиот град Белфилд, а со оваа победа ја отворив-те сезоната на натпревари во Бундес лигата. Според постигнатиот успех, оваа година ќе се натпреварува-те во сениорската категорија во германската прва лига каде учествуваат и гимнастичарки до 20 години. Сооглед дека овој натпревар е од голема важност за вас како спортист, какви подготовки во иднина следуваат за овој натпревар, ќе можете ли да го објасните проце-сот на подготовка за еден сериозен настан?
Со секојдневни интензивни тренинзи се подготвувам за големите натпре-вари кои ме очекуваат, со истиот интензитет се подготвувам и за време на летниот распуст. Своето знаење и подготовка го реализирам со моите тренери кои се задолжени за мојата спортска едукација.
6. Колку е од клучно значење соработката со искусни тренери по ритмич-ка гимнастика? Кои совети ви ги потенцираат вашите тренери?
На сите мои тренери им е познат овој спорт. Имаат големо искуство, а некои од нив имаат и интернационално искуство. Воедно многу добро ме познаваат со оглед дека сум блиска со нив и ги знаат моите спортски по-треби и можности во секој момент.
7. Што е потребно за да се биде успешен спортист во Германија?
Најважното од се е е желбата и упорноста кога е најтешко и да не се откажеш кога е најпотребно и нормално едно од неколкуте важни работи е и финансиската поддршка.
8.Кои се вашите планови за иднина?
За оваа сезона посакувам да се натпреварувам во германското финале, да немам повреди, а за понатаму да си го завршам успешно моето образование.
9. Како го исполнувате вашето слободно време?
Иако немам многу слободно време, но сепак кога имам мож-ностсакам да се дружам со мо-ите другарки, да одиме на кино, да јадеме сладолед и да се шетаме низ градот.