Интервју со Елена Голомеова – оперска пејачка
Елена Голомеова, македонски ко-лоратурен сопран, родена во Штип, а од 2000-та година живееи работи во Франција и активно настапува на сцените на тамошните оперски куќи. Средно музичко училиште завршува во Штип и во Скопје. По завршување-то на средното образование заминува во Ница, Франција, каде што завршува студии по соло пеење во класата на М.Ж.Р Гање, како најдобар студент – за првпат нејзината диплома е врачена од градоначалникот на Ница. Подоцна младата Елена магистрира во Париз во класата на професорката Жаклин Бонардо.
1. Веќе 18 година живеете и работите во Република Фран-ција. Како е да се живее надвор од матичната земја? Со какви предизвици се соочувате?
Мојот живот во Франција ми овозможи многу. Таму заминав во четврта година средно, матурирав, се запишав на Музич-киот конзерваториум во Ница, завршив и мастер студии и работам. До скоро центарот на мојата работа беше Ница и поедини гостувања во Мец и Националната опера во Ненси, со Операта „Јоланта“. Во Лион настапував со главна улога во „Свадбата на Фигаро“. убав настап имав и во салата Ли-сински во Загреб со Хрватски дела , во Монако настапував во „Реквием“. Франција ми помогна покрај образование, да добијам самодоверба, да знам кога и колку на сцена да ги покажам емоциите. Инаку Франција е многу добра земја од секој аспект па и од климатски, што е многу важно за еден оперски пејач.
Елена Голомеова, малото девојче кое многумина го препо-зна од настапот на детскиот Фестивалот „Весело штурче”, со песната „Тина татина“, прерасна во оперска певица и вистински амбасадор на Република Северна Македонија во Република Франција.
2. Вие сте колоратурен сопран, колку оваа техника на пеење ви донесе улоги кои не се така лесни за подготовка?
Да, така е! Во мојата биографија ќе запишам многу улоги кои се значајни за мене. Во Операта Ница се вбројуваат: Реми во „Без огниште“ од Жан Клод Петит, Жанет во ,,Свад-бата на Жанет” од Виктор Масе, Матилда во ,,Наполеон“, Кристина во ,,Фантом во операта”, Кралицата на ноќта во „Волшебната флејта“ од Моцарт.
Со улогата на Шерубин во ,,Свадбата на Фигаро”, Голомеова дебитира во Националната Опера во Лион, каде игра и во „Јоланта“ од Чајковски.
Добитник е на неколку значајни награди, меѓу кои и прва награда за лирско пеење од Националниот конзерватори-ум во Ница, како и награди на меѓународни натпревари во Марсеј и Монте Карло.
3. Кои се идните планови како успешен уметник во земјата, но и во Франција?
Да продолжам да го правам она што го правам најдобро, а тоа е да пејам и понатаму, да се гра-дам и усовршувам како оперски пејач и да сону-вам за успесите во Франција, да ја почувствувам и магијата на домашната оперска сцена.
4. Каде сте дома? Во Република Северна Македо-нија или во Франција?
Јас сите овие години, со гостувања, патувања, на-стапи научив секаде да си го наоѓам својот дом. За мене детството е поврзано со Штип, но мојот дом е во Франција. Ако работам проект на пример во Монако, со првото стапнување во хотелската соба или сместувањето, јас создавам енергија дека тоа е мојот дом. Така ми е поубаво и се чув-ствувам секаде своја.
Голомеова во својата професионална биографија ќе запише голем број на успеси, заедно со Жерар Депардје настапува во филмот за животот на Рах-мањинов. Таа ја игра и улогата на Деспина од „Cosi Fan Tutte“ со Р. Раимонди во „Плачот на ангелите” во продукција на француската телевизија France 2.
5. Вие сте родени во земјава и овде дел од ваше-то образование го завршивте, а по тоа заминавте за Франција кон нови цели и предизвици. Како ги презентирате двете земји?
Благодарна сум на постојаната помош и поддрш-ка што ги добивам од вработените во Француска-та амбасада и од Францускиот институт во Скопје. И по толку години од моето заминување, тие секо-гаш ми помагаат. Затоа со задоволство ја попула-ризирам нивната култура. Но, од друга страна, им помагам на млади таленти од земјата што доаѓаат за првпат во Франција, ги поттикнувам да се шко-луваат во оваа земја.
Голомеова настапува на концерт во Скопје заед-но со Оркестарот на македонската филхармонија. Исто така учествува на бројни реномирани фести-вали на Балканот и во Европа. Со филхармониски-от оркестар на Кан таа настапува во „Реквием“ од Моцарт. Во Операта во Париз настапува со реци-тал со директен пренос на Радио Франција.