8.8 C
Skopje
сабота, март 25, 2023

ДО СИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ И ИСЕЛЕНИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ КОИ ИМААТ ХУМАНИТАРНА ДЕЈНОСТ

ПОЧИТУВАНИ!

Иселениците отсекогаш имале волја да помагаат при природни катастрофи или да донираат парични средства и други материјали на најранливите категории граѓани, семејства, институции, болници, старечки домови и друго.

Агенцијата за иселеништво ја подржува хуманоста од страна на иселениците и во иднина планира да даде логистичка поддршка на оваа дејност.

Имено, со цел да се избегнат несаканите ситуации кога се манипулира со донацијата од страна на разни посредници, ве повикуваме сите што сакате да донирате да не информирате, за да го следиме текот на процесот и донацијата да стаса на вистинското место каде е потребно, преку комуникација и контакт со крајната цел.

Нагласуваме дека средствата не треба да се испратат до Агенцијата за иселеништво, која како државен орган не смее да располага со парични и други средства од иселениците, туку само ќе ја прими информацијата од вас и ќе гарантира за успешна хуманитарна акција.

Се надеваме дека на тој начин, државата повторно ќе ја стекне довербата кај иселениците и ќе се зацврстат врските и соработката со своите граѓани во странство.

АГЕНЦИЈА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

Share

Последно поставено

интересно

Розита Закева организира часови по македонски јазик на Малта

Розита Закева држи часови по македонски јазик на Малта последниве три години. Часовите се...

Остварена средба за соработка со Кинотеката на Македонија

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, оствари работна средба со директорот на Кинотека...

Благодарност од Торонто за испратените книги до Литературно друштво „Браќа Миладиновци“

Почитувани, Ви благодариме за пратката од четири пакети книги, донација од изадавачката куќа Матица Македонска, ...

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НАСТАВА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ОД ДАЛЕЧИНА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО!

Од 2 март 2023 година започнуваат  часовите по македонски јазик за децата на нашите...