БАНИЧКИ СО СИРЕЊЕ

0
431

2 голема лажица шеќер
2 мали лажички сол
квасец
500мл млеко или вода.
маргарин околу 250гр
брашно околу 1 кг или колку прибере
Се замесува тестото и се остава да стаса. Откако е готово се замесува повторно и се удира неколку пати од масата за месење. Од смесата направете околу 8 топчиња. Секое топче развлечете го во тенка кора. На кората нарендајте маргарин и размачкајте го по целата површина. Потоа нарендајте сирење и завиткајте ја во ролат.Дополнително истегнејте ја како змија. Кората свиткајте ја во која сакате форма. Откако се готови сите кори ставете ги во тавче за печење и печете додека не поруменат. Се печат околу 15 тина минути.