АНА ХОЛМ

0
460

1. Родени сте и имате живеено во Гостивар, по завршувањето на основното и средното образование заминувате
во Република Србија. Од каде желбата за ликовен уметник?
Желбата за цртање кај мене се разви уште од најраното детство, односно кога имав три години. Можеби и не толку
свесно во тој период, но со годините како што се развиваше мојата свест, така се развиваше и желбата за уметнос-
та. Ги прифатив сугестиите на моите родители во врска со моето понатамошно образование, бидејќи не бев сигурна
во своите желби. Во најраното детство се сеќавам дека стравот од смртта како и прашањето што потоа, ми при-
донесе да секојдневно размислувам за целта за моето постоење. Единствениот заклучок што произлезе од пасија-
та кон уметноста беше да се реализирам како уметник и да создадам дела кои ќе го одбележат моето постоење. Себе се гледав како креатор на еден нов свет, различен од оној во кој живееме. По доаѓањето во Србија се соочив со една друга реалност, во секој случај друга култура, но и желбата за усовршување ме донесе до Ликовната работилница при Народниот Универзитет, каде што ги стекнав основите во сликарството.
2. Поради бомбардирањето во Србија во 1999 година, своите студентски денови ги продолжувате во Рашка.
Колку овој период ве мотивира да создавате?
Поради бомбардирањето во Србија во 1999 година, студиите беа прекинати, а Универзитетот беше префрлен
во Рашка, а по тоа во Варварин близу Крушевац. Работевме во најтешки услови, без струја и греење, во прос-
ториите на една фабрика, најчесто полна со вода. Тоа беше само уште едно од многуте искушенија во животот.
Во следните две години сите ние студенти од областа на ликовната, драмската и музичката уметност научивме
што значи да се живее во заедница и како да останеме јаки и доследни на изборот што сме го направиле. Сите
бевме многу продуктивни и со задоволство се сеќавам на тој период од животот, затоа што ги научив правите
вредности. Тогаш настанаа дела кои многумина ги окарактеризираа како темни, а всушност тоа беше период
кога од темница требаше да произлезе светлина. Кога најпосле дојдов до светлина, настапи уште еден прекин на
студиите, поради новото соопштение дека Универзитеот за ликовна уметност повторно ќе биде вратен на Косово. Десетина студенти, донесовме одлука да се обратиме до надлежните органи во Република Србија за да ни се овозможи студиите да ги продолжиме во Ниш и поднесените петиции, молби и барања вродија со плод и нашето барање беше исполнето.
Со задоволство можам да кажам дека припаѓам на
првата генерација студенти, кои дипломираа на Фа-
култетот за ликовна уметност во Ниш во класата на
професор Ѓуро Радониќ. Сите овие случки не моти-
вираа за да одиме напред со нашето образование и
кариера, а уште повеќе не мотивираа и сега со јасна
порака, никогаш не се откажувај, затоа што поми-
натиот пат не е едноставен, но бил полн со искуства
кои те изградиле како личност.
3. По завршувањето на магистерските студиите по
ликовна уметност, станувате член на здружението
на ликовни уметници во Врање и активно учествува-
те на голем број настани. Кои се позначајни датуми
за вас во тој период?
Што се однесува до настаните, за мене сите се од
големо значење, сите се посебни и имаат своја цел.
Учествував на настани од хуманитарен карактер, ли-
ковни колонии, ноќ на отворени музеи, како и наста-
ни за сликање на мурал во диспанзерот за деца во
Врање, исто така ми се значајни и сите мои групни и
поединечни изложби во Србија, Швајцарија, изложби
на кои имам можност да ги запознаам сите мои по-
читувачи на уметноста, кои знаат да ме изненадат со
прашања на кои уживам да одговорам.
4. Благодарение на вашето образование, но и член-
ството во здружението на ликовни уметници во
Врање, ви се отвораат портите кон Кралството Дан-
ска и оттука ви претстојат големи и неочекувани
промени. Што се слушува со вашиот професионален
живот?
Да благодарна сум на Врање и Србија за стекнатото
образование и искуство, како и на постојаната борба
за остварување на професионалното поле, но колку
повеќе се зголемуваше бројот на публиката, која ги
посетува моите изложби, толку повеќе тежнеев кон
нови успеси. Па така природно си дојде и понудата
да остварам изложба во Данска во време траење од
три месеци. Патувањето ми донесе големи
21
и неочекувани промени во животот и ми отвори нови можности на профе-
сионален план. Една година подоцна во Германија ја отворив својата гале-
рија, која подоцна ме однесе во Оксфорд, на саем на уметноста, каде што
покрај моите дела, беа претставени и дела на други уметници од Германија
и Словенија. Паралелно со професионалниот , го живеам и приватниот жи-
вот, поради кој ми се менуваат плановите и во најскоро време, мојата га-
лерија ќе биде во друга земја префрлена, така што наскоро ќе ги споделам
информациите, за таа активност наскоро.
5. Која е вашата инспирација и мотив за создавањето?
Секој ден носи некои нови и непредвидливи ситуации, нови познанства.
Природата, луѓето, животните , самиот живот, сето тоа придонесува да се
роди идејата, а мотивот често го менува својот тек, во зависност од мо-
ментот или од самите потези на четкичката. Моментот на создавањето е
единствен, понекогаш многу динамичен.
6. На кои уметнички дела сте најгорди?
Би рекла дека сум горда на сите дела, не само што ги создавам, јас од нив
исто така многу учам.
7. Која е пораката која сакате да ја преточите преку вашата уметност?
Кога би требало сите создадени дела да ги преточам во една порака, мис-
лам дека уметноста ќе ја изгуби смислата. Многу мисли, емоции и пораки
се испреплетени во едно дело.
8. Што правите во моментов? Каде работите?
Во моментов работам на нов проект, за кој е многу рано да зборувам, а
исто така посветена сум на создавање на нови дела, кои се надевам дека
следната година ќе бидат изложени во Србија.
9. Живеете на релација Србија, Германија, Данска, колку често се среќава-
те со иселеници од Република Северна Македонија во овие земји и имате-
ли соработувано со некого до сега?
До сега не сум имала прилика да се сретнам со иселеници од Македонија
од мојата професија, но проектот кој го подготвувам можеби ќе ми овоз-
можи контакти со некој од нив.
10. Како се чувствувате дома?
Македонија е мојот извор на енергија, а Србија е извор на снага и издрж-
ливост.
11. За крај на ова интервју, која е пораката за оние кои ве читаат во мо-
ментов?
Благодарам што ми посветивте внимание и уживајте во уметноста каде и
да сте. Не ги гледајте емоциите на уметникот преку неговите дела, гледајте
ги делата за да ги почитуваат вашите емоции.