Кралот на Камбоџа Нородом Сихамони, го одликува капетанот Миле Гламчевски со Кралскиот орден на Сахаметреи (Големиот Крст) витешки ред, за давање истакнати услуги на кралот и народот на Камбоџа, пишува интернет страницата на весникот на австралиската армија „Army“.
Капетанот Гламчевски, за весникот изјави дека тоа веројатно ќе биде највисоката награда што ќе ја добие. Можеби станува збор за индивидуална награда, но немаше да се случи без групен напор, рече капетанот Гламчевски. Штотуку дипломиран на Универзитетот пред 30 години, капетанот Гламчевски прифатил да работи како предавач на Универзитетот во Камбоџа. Во 1996 година, Универзитетот сè уште немал компјутери, па Универзитетот Латроб и Универзитетот Монаш донирале два, а капетанот Гламчевски ги зел да ги однеси во Камбоџа. Кога стигнав до аеродромот во Мелбурн да заминам, бев информиран дека багажот ми е над границата. Ја исфрлив целата лична опрема и пристигнав во Камбоџа само со тоа што го носев на мене и компјутерите, вели тој за весникот на Австралиската армија.