Солзи радосници имаше на лицето на триесет и четири годишната Гордана Постолова кога во Свети Николе на влезната порта од нејзиниот дом се појави донатор. Трајче Папазовски, исселеник во Швајцарија, на Гордана и подари правосмукалка и 100 евра додека таа и нејзините четири, од вкупно пет деца, со неверување гледаа во него. Гордана сама избра помеѓу понудените машина за перење алишта, телевизор или друг вид на електричен апарат за домаќинството, да и биде купена правосмукалка. Неа и требаа и пари, како што рече, затоа што нејзиниот сопруг Драган осумаесет месеци не бил повикан на работа од страна на кинеската фирма што го градела патот Штип – Кочани.