Наставници и нашинци од Германија обезбедија 20 ИТ уреди и пакети прибор за ученици од ранливи категории

0
336

Пакети со училишен прибор директно од Германија и 20 ИТ уреди за учениците од ранливи категории во кривопаланечките и светиниколските образовни институции обезбедија наставниците Стефани Цветковска- Илиевски и Иле Михајловски со помош на нашинците во Германија и уште неколку хумани луѓе.Околу 80 основци од подрачните училишта во кривопаланечките села, благодарение на иселениците во Германија, во првото полугодие од учебнава година добија нов училишен прибор, а дел од нив и компјутери за следење на онлајн наставата. Кривопаланчани коментираат дека Македонците кои привремено работат или целосно се иселиле од државава, во случајов во Германија, носталгијата ја ублажуваат со донации за деца од социјален ризик, пред сѐ затоа што, како што велат, знаат каков е животниот стандард во руралните средини низ земјава од каде потекнуваат и знаат дека нивното „малку и симболично“ за некого тука е многу особено кога пандемијата ги измести општествените текови. Петар Наумовски кој се погрижи донациите од Германија да стигнат до тука вели дека желбата е да се дојде до едно порамноправно и подостојно образование, онакво какво што си посакувавме кога бевме деца, сѐ со цел една поубава иднина во која денешните генерации ке ги изградиме во успешни и високо морални луге.