Македонската музика е толку длабоко вкоренета во нашите гени, што можеме да ја почувствуваме болката на нашите претци

0
58

Марија Јанев е музичарка од Мелбурн, добитник на стипендија од Multicultural Arts Victoria за нејзината песна Awakening, во која го преплете 7/8 такт со тапан и латино звуци. Таа исто така го создаде и проектот – Power of M – Music Mindfulness Movement, музички работилници во природен амбиент со кои сака да ја подигне свесноста за себе и природата кај децата, младите лица, како и возрасните.
Родена во Скопје пред четири децении, Марија на 13 годишна возраст била меѓу првите бранови на македонски имигранти во Нов Зеланд, каде се преселила со родителите. Поради незборувањето на јазикот и немањето пријатели личниот идентитет привремено ѝ се изгубил, но музиката било она што ја вратило кај себе, кога на 16 годишна возраст се приклучила кон екс Југословенска рок група на млади музичари.

Една деценија подоцна, со сопругот се селат во Мелбурн, каде го оформува своето семејство, но ја остава музиката привремено на страна. Во 2019 година добива стипендија од Multicultural Arts Victoria за песната Awakening (Будење), во која основата ѝ е македонскиот 7/8 такт, помешан со тапан и латино звуци.

Во искрено интервју за СБС, Марија раскажа како плаче секогаш кога ќе чуе звук на гајда и тапан, како македонската музика е основа на музиката која ја создава и што сака да постигне со работилниците за свесност кон себе и околината кои се насочени кон децата, како и младите и возрасните кои сакаат да направат лична и општествена промена. 

www.sbs.com.au/language/macedonian/audio/macedonian-music-is-so-deeply-rooted-in-our-genes-we-can-almost-feel-our-ancestors-pain (линк од аудио разговорот со Марија Јанев