Македонка по потекло победник на кулинарско ТВ-шоу во Австралија

0
68

Македонската заедница во Австралија ја слави Емелија Џексон, која има македонско потекло и која триумфира во кулинарското шоу „Мастер шеф“ на националниот телевизиски канал Нетворк 10.

Во 12. сезона на шоуто што се одржуваше минатата година се натпреваруваа 24 учесници, а на Џексон, покрај трофејот, ѝ припадна и наградата од 250.000 австралиски долари. Таа во 2014 година заврши трета во шоуто, а сега во финалето беше подобра од Лора Шарад, која тогаш беше втора.„Јас сум Македонка и сè што правам е готвењето за сите овие многу луѓе“, вели 30-годишната шампионка од Мелбурн, чија баба Фани е од Егејска Македонија и, според сопствено признание, за многу од своите специјалитети во шоуто црпела инспирација од неа и од мајка си.