Јован Иваноски, инженер во ,,ГУГЛ”

0
68

Инженерите на „Гугл“ во просек треба да научат и да знаат околу 10 технологии (HTML и CSS не се важат), раскажува Ивановски, кој дипломирал на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“

Охриѓанецот Јован Иваноски од пред четири месеци е дел од тимот на „Гугл“ во Остин, Тексас. По петгодишен престој и доедукација и работа во Мајами, Иваноски го прифатил новиот предизвик да работи како софтверски инженер во канцеларијата на „Гугл“ во Тексас. Јован ни раскажа како го живее американскиот сон и како тече неговото адаптирање во една од најуспешните компании во светот. Но, секако, муабетот го почнуваме со состојбата со коронавирусот и како се работи во „Гугл“ во овие невообичаени корона денови.
Во врска со „Гугл“, многу сум среќен што бевме меѓу првите компании во САД што почнаа да работат од дома. Тоа нè заштити и сигурен сум дека поттикна и други компании да го направат истото и да го спречат ширењето на вирусот. Згора на тоа, „Гугл“ им додели посебни бенефиции на вработените за време на коронавирусот, како што се дополнителни денови за одмор за да се намали стресот кој доаѓа со работата од дома, дополнителна помош за вработените што се родители и помош со опрема за работа од дома – вели Јован. Тој додава дека „Гугл“, исто така, донирал 800 милиони долари за помош на заболените од вирусот, за мали и средни бизниси, за СЗО (Светска здравствена организација) и за 100 други владини организации.
Многу е возбудливо и интересно. Кога ќе почнеш со работа во „Гугл“, често ќе слушнеш од луѓето што веќе долго време работат тука дека првите шест месеци се најтешки и има огромен број информации што треба да се „впијат“. Тоа најмногу се должи на фактот дека продуктите на „Гугл“ се градат за милијарди корисници, и процесот што фирмата го користи за да гради таков софтвер е многу поразличен од обично. Во случајот на „Гугл“, во просек еден инженер треба да научи околу 10 технологии (HTML и CSS не се важат!).