Денес Канада се смета за светски пример на мултикултурно општество. Од Втората светска војна во оваа демократска и многунационална земја се одвиваат значајни социјални. културни и економски преобразби, a со тоа и голема трансформација во нејзиниот етнички состав.
Канада е прва земја во светот која официјално го признава мултикултурното шаренило и ја продолжува континуираната и доследна недискриминаторска политика, а со тоа мултикултурата се прогласи за политика на владата на Канада, каде што секој има право на слобода на свеста, верата, мислата, изразувањето, мирното собирање и дружење, негување на сопствената култура, пропа-гирање и применување на сопствената религија и употреба на мајчиниот јазик.
Извор: Славе Катин