Промоција на книгата „Со љубов за Македонија”

0
152

Промоција на книгата „Со љубов за Македонија”, на писателката Јудита Реј Худечек од Република Хрватска, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија.  Г-ѓа Јудита Реј Худечек е родена во Хрватска, своето средно образование го завршува во Босна и Херцеговина, а студентските денови ги поминува во Македонија. Токму, студентските денови, се инспирација на г-ѓата Худечек да ја создаде книгата „Со љубов за Македонија”, во која со филигрантска прецизност и со посебна љубов  говори за убавините на  нашата земја.

Посебна благодарност до нашите гости, но и соработници, г-ди Владо Узелац- советникот во Амбсадата на Република Хрватска во Македонија, г-дин Љупчо Јаневски- директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, претставниците од Заедницата на Хрватите во земјава, претставниците од младинската организација „Хрватски форум” од Тетово, почитуваниот професор Васил Тоциновски, прекрасната Лена Ѓапиќ, претставничка на македонското национално малцинство за Загребската Жупанија и секретар на Хрватско-македонското друштво во Хрватска.

Агенцијата за иселеништво и во иднина ќе продолжи да дава поддршка на сите поединци, организации, движења кои имаат за цел да ја промовираат македонската историја, традиција, култура и јазик.