МИСТЕРИЈА КОЈА НИКОГО НЕМА ДА ГО ОСТАВИ РАМНОДУШЕН! ОБЈАВЕН КРАТКОМЕТРАЖНИОТ ИГРАН ФИЛМ „ЈАНА“ ОД АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ

0
31

Неодамна (по претходната премиера во Штип и претставувањето на ТВ) на каналот Youtube  е поставен краткометражниот триесетминутен игран филм „ЈАНА“ според сценарио и монтажа на Александар Донски, а  во режија на Трајан Ристовски и Александар Донски. Филмот по жанр е мистерија, но изобилува со емоции и носталгија по младоста и рок музиката во далечните 1970-ти години. Главен лик во филмот е иселеник од Штип кој за прв пат се враќа во родниот град по четири и пол децении, но не може ни да сонува каков мистериозен настан таму ќе му се случи. Филмот веќе предизвикува голем интерес во јавноста и поради тоа што претставува потсетување и на легендарната македонска рок група „ТРИАНГЛ“ од Скопје и нивниот голем хит „Јана“ од 1975 година, чија музика доминира во филмот. Потсетуваме дека гитаристот на „Триангл“ Борче Стоевски загина во сообраќајна несреќа во 1977 година, а басистот Кокан Пандиловски беше почесен гости на премиерата на филмот во Штип. Филмот е снимен на локации во Јапонија и во Штип и е во  продукција на: Фото-кино клубот „Ванчо Прќе“ од Штип. Продуцент на филмот  е Славе Ивановски во сеќавање и чест на својот син Ангел Ивановски (1983 – 2022). Во филмот настапуваат професионалните глумци: Страшко Милошевски, Ава Хусеини и Рујиш Беговска, како и Александар Донски.

Во филмот учествуваат и: Јасминка Соколовска, Загорка Донска, Марија Причкова Митева и Ленче Филипова. Камерата е на Трајан Ристовски и Загорка Донска, додека за тонската обработка беше задолжен Филип Стевановски и неговата FIS Production. Фотографиите се на Маја Рамона Крстевска, Биљана Кошарска, Коце Митрев и Фото-кино колуб „Ванчо Прќе“.

ФИЛМОТ МОЖЕТЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ НА:

https://www.youtube.com/watch?v=rQJMumKqMh0

 

Или ако го побарате каналот Aleksandar Donski  на Youtube и го впишете името на филмот JANA. Филмот е титлуван и на англиски.

 

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде