ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА ПОЕЗИЈА ВО ШВЕДСКА

0
94

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, во придружба на Симона Јанев, соработник на директорот, присуствуваа на  традиционалната поетска манифестација „Ден на македонската поезија“ во Шведска, која се одржа на 7 октомври 2023 година, со почеток во 17:00 во Стокхолм.

Настанот се одржа во малата сала на домаќините, друштвото „Даме Груев“ од Стокхолм, под покровителство на Македонскиот сојуз во Шведска.

Директорот Близнаковски се обрати со поздравен говор и ги информира присутните за активностите на Агенцијата за иселеништво преку кои дава поддршка на писателите кои живеат и творат во иселеништво на македонски јазик како: „Поетските иселенички средби“, печатење и промоции на дела од иселници, доделување на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник, во рамки на Струшките вечери на поезијата и друго.

 Во програмата учествуваа ученици и десетина поети од поетското друштво „Дениција“ кои рецитираа стихови од познати македонски поети.

Покрај претставници од Агенцијата за иселеништво и од Амбасадата на Република Северна Македонија во Шведска, гостин од Македонија беше и  поетесата и литературен критичар Даниела Андоновска-Трајковска, која е  професор по литература и уредник на неколку книжевни списанија.