Информативен настан за темата “школски систем и изучување на мајчин јазик во Виена/Австрија”

0
55
Почитувани родители и сите кои имате интерес!
Срдечно ве покануваме во сабота на 30.09.2023 од 16:00-20:00 часот во просториите на МПЦО „Св.Наум Охридски“ Виена !
Во соработка со МА 17, магистрат за интеграција и диверзија нашата црковна општина за вас ќе организира информативен настан од 17:00-19:00 за темата “школски систем и изучување на мајчин јазик во Виена/Австрија” со референтката Емра Дувњак
Оваа манифестација ќе биде подржана и од играорките на КУД „Македонка“ кои ќе организираат и подготват домашна трпеза со благо и солено. Воедно, секој од вас може да се приклучи и подготви нешто за да ја збогати и помогне трпезата.
Со почит,
ЦУО при МПЦО „Свети Наум Охридски“ Виена