Друштвото на писателите на Македонија стана нов член на Европскиот писателски совет

0
121

Европскиот писателски совет (EWC), најголема европска федерација на писателски асоцијации со седиште во Брисел, годинава на 4 јуни во Берлин одржа Генерално собрание на кое едногласно беа примени 5 нови членки – писателски асоцијации од различни европски земји:

– Друштво на писателите на Македонија, Македонија;

– IG Autorinnen und Autoren, Австрија;

– SNAC Националната асоцијација на автори и композитори, Франција;

– DSF Дански автори на фикција и поезија, Данска;

– La Scam Société civile des auteurs multimedia, Франција.

Овој историски успех на Друштвото на писателите на Македонија подразбира отворање можности за различни форми на соработка со 160.000 писатели и преведувачи од 46 европски национални организации на писатели и преведувачи во 30 земји, вклучувајќи ги земјите од ЕУ, но и други европски земји.

Во име на Друштвото на писателите на Македонија се обрати македонскиот писател м-р Стефан Марковски.

Повеќе можете да прочитате ТУКА