Остварена средба за соработка со Кинотеката на Македонија

0
246

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, оствари работна средба со директорот на Кинотека на Република Северна Македонија, Владимир Ангелов,  со цел обезбедување со македонски филмови за потребите на филмските фестивали и други културни настани во иселеништво, на кои се промовира македонската култура, јазик и творештво. Дистрибуцијата и прикажувањето на филмовите ќе биде на некомерцијална основа.