Канадско македонското историско друштво со свој Youtube канал

0
166

Канадско Македонското Историско Друштво од Торонто постои триесетина години со цел да ги собира, чува и архивира писмените, сликовните и видео документите од македонските доселеници во Канада.
Во рамките на неговата работа ова друштво има направено стотина видео интервјуа со Македонци и Македонки од Егејска, Пиринска и Вардарска Македонија каде што нашите сограѓани ги имаат презентирано своите сеќавања за историјата на нивните родители, збиднувањата во нивните села и градови од турско време, преку светските и граѓанските војни, доживувањата од нивното детство, искуствата од патувањата во прекуокеанските земји, доживувањата како новопристигнати емигранти, снаоѓањето во новите држави, започнување свои бизниси, формирањето семејства, организирањето во македонски друштва и организации, активноста на истите, формирањето црковни општини и нивната борба за одбрана и признавање на македонската националност.
На овој  линк YOUTUBE  ќе најдете голем број од овие видео материјали кои претставуваат вистинско национално историско богатство податно за општо информирање, како и за идни исторски проучувања на историјата на македонската дијаспора во Канада.

https://www.youtube.com/c/CanadianMacedonianHistoricalSociety/videos