Почитувани иселеници!

0
258

На допис од Агенцијата за иселеништво до Министерството за правда, по реакциите на иселениците за некоректно и непрофесионално однесување на шалтерските службеници низ институциите, од страна на Управата за водење на матични книги добивме известување дека е постапено и до сите подрачни одделенија и канцеларии во состав на УВМК е доставено предупредување за понатамошно постапување во согласност со позитивните законски и подзаконски акти.

 Воедно од страна на Управата за водење на матични книги  апелираат доколку има било каква злоупотреба од страна на службеник, навремено да се известат одговорните лица преку достава на престставки,  со цел превземање на соодветни мерки и санкционирање на наведениот службеник.

Во рамки на надлежноста за грижата на правата и положбата на иселениците, Агенцијата за иселеништво во континуитет ги  пренесува потребите и проблемите на иселениците до соодветните институции со цел нивно запознавање и изнаоѓање на решенија.

https://uvmk.gov.mk/

Почитувани граѓани,
Доколку сакате да пријавите некоја неправилност во работењето на државните службеници вработени во Управата за водење на матичните книги, вклучувајќи корупција и барање мито, Ве молиме истото да го остварите на телефонскиот број 02 3223-787, на contact@uvmk.gov.mk или на адреса бул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје.