Повик за учество на Иселенички фолклорен фестивал

0
679

До Културно-уметнички друштва од иселеништво

Повик за учество на Иселенички фолклорен фестивал

Почитувани,

Агенцијата за иселеништво организира Иселенички фолклорен фестивал во Охрид, од 16-20 јули 2023година. Сместувањето и целокупната организација на фестивалот ќе биде покриена од страна на Агенцијата за иселеништво. Ваша обврска е сами да го организирате патот до Охрид. Учество можат да земат фолклорни групи од иселеништво на кои за време на престојот во Охрид ќе им се обезбедат два настапи во Охрид и околината, екскурзии и тематски работилници.

За детална програма и хотелското сместување дополнително ќе ве известиме.

Учеството пријавете го на: biljana@minisel.gov.mk

Лице за контакт: Билјана Костова