Пилешко со зеленчук и рузмарин

0
672

Потребни состојки:

– 700 гр пилешки гради

– 2 гранчиња рузмарин

– 1 чешне лук

– 2 пиперки

– 1 страк праз

– 1 зелена тиквичка

– сок од еден портокал

– маслиново масло

– сол, бибер

Подготовка:

Исечете го месото на коцки, додадете сол и бибер по вкус и малку масло.

Одвојте ги лисјата рузмарин од гранчињата и исечкајте ги ситно.

Измијте го и исчистете го зеленчукот. Пиперките и тиквичките исечкајте ги на парчиња, а празот на прстени.

Гответе го месото на добро загреана грил тава. Извадете го на чинија и чувајте го топло.

Потоа загрејте го маслиновото масло во длабока тава и испржете ги лукот и рузмаринот. Прво додајте ги пиперките и оставете да се крчка околу пет минути на среден оган, често мешајќи.

Потоа додадете го празот и оставете да крчка уште пет минути. Промешајте ги тиквичките и месото на крајот и така оставете го јадењето да крчка околу три минути.

Додадете сол, исцедениот сок од портокал, па нека крчка додека не испари течноста.